ПРЕДНОСТИ И ПРИЧИНИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА VoIP [Voice over IP]
 

APC ОСНОВНА СТРУЈНА ЗАШТИТА СО 1 ШУКО ПРИКЛУЧОК + ЗАШТИТА ЗА ТЕЛЕФОН
Повеќето струјни заштитници делумно го пропуштаат неправилниот наплив на електрична енергија до вашите уреди, оставајќи ја во неизвесност нивната сигурност. Заштитниот шуко приклучок на APC, нема да го дозволи ова. Тој го прекинува напојувањето, доколку се забележани нагли промени во електричната енергија. Целта на сето ова е вашите уреди да бидат заштитени, а со тоа инвестицијата во APC да биде максимално оправдана.
 
APC SurgeArrest заштитникот за шуко, во случај на пренапон ќе ве извести преку сигналната диода доколку не е во можност да обезбеди 100% заштита на приклучените уреди. Повеќе нема потреба од промена на осигурувачи во случај на пренапон, доволно е само да го ресетирате електричното коло за заштита од пренапон, вградено во шуко заштитникот на APC. Може да поврзете најразлични уреди од домаќинство или пак од канцеларија, за да бидете сигурни дека се заштитени од пренапон. Овој паметен уред на APC има и вградена заштита за телефонска линија. Најчестите оштетувања од пренапон, доаѓаат токму преку телефонскиот кабел. APC шуко заштитникот ќе го обезбеди тоа.
 

Технички спецификации:
   ■ 1х шуко приклучок за електрични уреди
   ■ 230V номинален напон
   ■ Schuko CEE 7/7P влезна конекција
   ■ Максимално струјно оптеретување 16А
   ■ Заштита за телефонски кабел (телефон, факс, интернет)
   ■ Димензии (94 х 70 х 74 mm) - В х Ш х Д
   ■ Тежина 100 g
   ■ Работна температура 0 - 40 °C

За повеќе информации погледнете тука.

ФИБЕРНЕТ М-К ДОО | ул. Борис Трајковски 117А (Индустриска зона Пинтија)
1000 Скопје, Македонија
+389 2 2403 100 | sales@fibernet.mk | servis@fibernet.mk